недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 44

Груевски: Нови 280 работни места во фабриката на „Краунфилд“ во Пробиштип

Многу ме радува што оваа инвестиција на која многу работевме почна да се ефектуира. Денеска почнува градбата на оваа леарница, 15 милиони евра е инвестицијата, ќе има 280 нови работни места директни, плус поголем број индиректни работни места и тоа за Пробиштип ќе значи многу, изјави за ТВ НОВА лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој денеска присуствува на поставувањето камен-темелник за изградба на фабриката на компанијата Cranfield Foundry во индустриската зона Неокази во Пробиштип.

gruevski-neokazi-probistip

Поврзани вести

Мене многу ме радува тоа што овде во Пробиштип во 2006-тата година имаше 4.200 невработени лица, денес има само 2.000. И тоа не е малку, треба да се работи и тоа да се намали, меѓутоа има значително намалување на невработеноста за повеќе од 50 отсто. Така што оваа инвестиција, која што очекувам да проработи во првата половина на следната година, можеби февруари, март или април ќе апсорбира директно 280 нови луѓе во првите година-две, а исто така многу луѓе ќе најдат вработување, ќе најдат егзистенција преку оваа нова инвестиција овде во Пробиштип, рече Груевски за ТВ НОВА.

Тој потенцираше дека долго работеле на оваа инвестиција и откако истата се остварила ќе продолжат да работат за да привлечат и други инвеститори и во Пробиштип и низ цела Македонија.

Најчитани вести