Груевски: Нови 46 градинки низ Македонија

Премиерот Никола Груевски при денешната посета на Домот за деца без родители „11 октомври“ одговарајќи на новинарско прашање информира дека до крајот на годината ќе бидат завршени уште седум нови детски градинки, што би значело вкупно 46 досега, со оглед на тоа што во изминатиот период Владата изгради 39 нови градинки.

Градинките се распоредени во повеќе општини низ земјата.

 

Груевски посочи дека пет од нив беа веќе пуштени во употреба оваа година, а уште 7 ќе бидат завршени до крајот на оваа година.

-Од аспект на згрижување на деца, на возраст од 3 до 6 години, во минатото пред да почнат овие активности, нешто малку над 10 отсто од децата имаа можност да се згрижат во градинки. Сега веќе тој процент нарасна на приближно 40 отсто. Тоа за неколку години е значителен раст. Тоа е во духот на поддршка на семејствата во Македонија кои имаат деца и во духот на поддршка за подобрување на демографските движења во Македонија, истакна македонскиот премиер.