Груевски: Нови намалувања на цените на лековите

Намалени цените на нови 282 лекови

Нови намалувања на цените на лековите, најави премиерот Никола Груевски. Тој  денеска истакна дека цените на лековите досега се намалени вкупно 8 пати.

Досега имаше осум намалувања на цените на лековите во вкупна вредност од 33 милиони евра, кои наместо во фармацевтските куќи останаа во џебовите на граѓаните, односно на пациентите кои купуваат лекови, изјави Груевски.

Премиерот потенцираше дека во 2016 година ќе следуваат нови две дополнителни намалувања на цените на лековите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.