Груевски: Нови работни места се нашиот фокус – Ветеното мора да се испорача!

Економијата и отворањето нови работни места останува во нашиот фокус. Токму затоа, новиот состав на Владата е дополнително засилен со двајца нови министри чија примарна задача е привлекување на инвестиции, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и  премиер, Никола Груевски, во своето обраќање на 23-та годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сакам јавно од тука да нагласам, точно знаеме што сме ветиле и нагласувам дека секој член од оваа влада знае дека од ветеното не смее да има отстапување. Мора да се вложат и последните атоми од силата да се реализира она што сме го ветиле. Тоа што е ветено нема назад, тоа е нашата девиза и така ќе продолжиме. Мора да се испорача ветеното. Тоа е нашата работа сега, рече Груевски.

Груевски потенцираше дека продолжува интересот на странските инвеститори за влез во Макеоднија.

„Очекуваме реализација на повеќе инвестиции. Секоја недела примам виски претставници на крупни корпораци кои се дојдени да испитаат што е тоа што во последно време почнува да ја прави хит Макеоднија хит меѓу инвеститорите и покрај тоа што земјата не е членка на ЕУ и НАТО. Заинтересираните инвеститори по средбите со мене одат да разгледуваат локации. Тоа потврдува дека оваа земја, овој народ има иднина, невработеноста ќе продолжи да се намалува со посилно темпо“, рече Груевски.

Груевски нагласи дека дадената доверба е најголемиот репер и потврда за патеката по која одат, која не е лесна, има потешкотии, но патека низ која цврсто се решени да чекорат, затоа што, како што нагласи Груевски, имаат план и мисија, имаат сила. Груевски потенцираше дека добиената доверба покажува дека народот прави разлика и истиот се одлучи за напредок.