Груевски: Нови вработувања на народот и подобри услови за живот

Премиерот Никола Груевски се обрати пред присутните политички лидери во рамки на Конгресот на Европската народна партија што се одржува денес и утре во Мадрид.

ЕУ, земјите членки на ЕУ и аспирантите за членство, мора да работат на заеднички економски проекти, на крупни инфраструктурни проекти кои ќе поврзуваат повеќе земји и кои ќе даваат покрај економски и политички бенефит кој ќе се гледа во придобивките од соработката, во хармониjа и релаксацијата на тензиите, на соработка на полето на инвестициите и надворешно трговската размена и на капиталните инвестиции, за да се потпомогаа постојано економскиот раст и БДП и да се обезбедат нови вработувања за народот, подобри услови за живот и повисок стандард. Ние тоа го можеме и ние тоа треба да го направиме, истакна македонскиот премиер.

Тој потенцира дека продолжуваат новите вработувања и креирањето на подобри услови за живот.

Граѓанинот на Европа треба да остане центар на нашиот интерес како најдобра гаранција за почитување на принципот на ИНДИВИДУАЛНОСТ. Ние треба да продолжиме да создаваме амбиент кој ќе обезбеди услови за развој на индивидуалниот потенцијал во секоја општествена сфера, на промоција на приватната иницијатива, на претприемништвото, на стекнувањето на знаења и вештини кои ќе направат поединецот конкурентен и спремен за сестран развој.