сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 0

Груевски: Новите инвестиции решение за најгорливиот проблем на граѓаните-невработеноста

Отпочнаа три нови инвестиции во само 7-8 дена, кои ќе отворат над 2.000 директни нови работни места. Тие сигурно ќе отворат и 500-600 индиректни работни места. Тоа е нешто што многу ме радува. Тоа е конкретно и директно решавање на најгорливиот проблем на граѓаните, невработеноста. Нешто што беше и во врвот на моите приоритети во сиот изминат период и еден од главните мотиви да влезам во политиката, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во мега интервјуто за Телеграф.мк.

gruevski-intervju-2

Поврзани вести

Да потсетам, стартувавме со околу 38 отсто невработеност, а ја сведовме на 24,6 отсто. Од вкупно 560 илјади вработени луѓе во земјата во 2006, стигнавме до над 710 илјади, или над 150 илјади новоотворени работни места. Колку и сè уште да е висока невработеноста, пред 10 години за многумина оваа бројка беше само сон и личеше недостижно. Уште повеќе ако се потсети дека ова се оствари во услови на една светска и европска економска криза, кои заедно траеја околу 4-5 години, значи речиси половина од нашето работење, а еве една  и пол година и во домашна политичка криза, која си има свое негативно влијание и на економијата, потенцира Груевски.

Како водечка партија во Владата, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе продолжиме со спроведување на економски политики кои овозможуваат отворање нови работни места.

Најчитани вести