Груевски: Новите мерки за вработување се голем стимул за работодавците

Охрабрни од резултати кои ги надминаа нашите очекување од мерката за вработување на лица до 29 години, според која работодавачите на оваа категорија една година се ослободуваат од плаќање придонеси, со обврска да ги задржат вработените уште една година, констатиравме потреба од  поголема палета во која ќе бидат вклучени различни ранливи групи, истакна премиерот Никола Груевски, објаснувајќи ги новите владини мерки за намалување на невработеоста, како одговор на пратеничкото прашање од Ане Лашковска.

Новите мерки, наместо до 29 години, ги опфаќаат и лицата до 35 години, со тоа што наместо една година, работодавачите ќе бидат ослободени од плаќање придонеси три години, со обврска да се задржат вработените уште една година.

Груевски  објасни дека за лицата од 35 до 50 години, кои повеќе од 10 годни немаат работа, стимул за работодавците е тоа што за нив немаа да плаќаат придонеси во првите 5 години, со обврка да се задржат уште една година.

„Во оваа ризична категорија се околу 40.000 граѓани, кои доколку во следните неколку години не најдат работа ќе им мине животниот капаците да создат нешто со најдобар резултат. Лица кои се меѓу 50 и 58 години, за нив е предвидено оној што ќе ги вработи да не плаќа за нив придонеси 5 години, без обврска после да ги задржи. Тие исто така се на возраст на која потешко се наоѓа вработување. Ова се стимулатвни мерки, тука спаѓаат луѓе кои во времето на транзицијата останаа без работа. Кога компаниите се распродадоа, се приватизираа со симболични износи, се отпуштија околу 200.000 луѓе, а голем дел од нив станаа стечајци. Сега тие луѓе во најголем дел се на оваа возраст и ова мерка ја таргетира таа група. Сега се дава доплнителен стимул за вработување на оваа категорија“, истакна Груевски.

Со новата мерка се опфатени и лицата кои се над 58 години. За оваа група е предвидено ослободување на придонеси за здравствено, пензиско и придонеси за вработувањ, се’ до нивноото пензинирање. Ова е една од најранлиивте категории, но со ови мерки, Груевски посочи дека владата веруваме дека многу работидавачи ќе најдат интерес.

Работодавачите ќе бидат ослободени пет години од плаѓање давачки и за вработување на деца изрснати во Домови,  ивалидизирани лица, родители на деца со посебни потреби, професионали војници, кои спорад законот по 45 -та година немаат право да работат во војската.

Груевски спомена дека со мерката за вработување на лица до 29 години, за неполна година се вработени 7.400 лица