Груевски: Нудиме намалување на ДДВ за сточна храна

Нов конкретен проект со кој ќе се поддржат земјоделците нуди ВМРО-ДПМНЕ во новата програма во рамки на новите конкретни 2046 проекти.

Претседателот на партијата Никола Груевски на денешниот митинг во Гостивар истакна дека во нивната програма е понуден конкретен проекти за намалување на ДДВ за земјоделците и тоа во делот на сточна храна.

-Долг период тие посакуваа да се намали ДДВ-то за сточна храна. Често пати нивните здруженија бараа прием кај мене и ми објаснуваа зошто е тоа важно. Објаснуваа дека е тоа важно затоа што цената на произведеното месо е помалку конкурентно затоа што ни е скапа сточната храна. Тие објаснуваа колку е увезената сточна храна и колку е увезеното месо, а колку е поскапа произведената сточна храна во Македонија, толку е поскапо и месото и не може да се продава во Македонија и токму затоа повеќе се увезува месо отколку што нашето се продава. Јас внимателно ги слушав сите работи со соработниците ги проверив и сфатив дека луѓето се во право и еве го нашиот чекот, го намалуваме ДДВ за сточна храна и адитиви, го намалуваме и ДДВ-то за жив добиток затоа што аргументите на земјоделците беа исправни и не убедија, нагласи Груевски.

Тој посочи дека тие работат со аргументи, а не со еуфорија и внимателно расудуваат и анализираат.