вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 55

Груевски – Нуланд: Излезот од политичката криза е од суштинска важност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес оствари средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот Викторија Нуланд.

Gruevski-Nuland-768x512

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес оствари средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот  Викторија Нуланд.

Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата се разговараше за актуелните политички предизвици, модалитетите за надминување на политичката криза како и стратешкиот интерес на Македонија за членство во НАТО Алијансата.

11

Соговорниците се сложија дека суштински важно е излез од политичката криза, за што е потребен ангажманот и придонесот на сите политички чинители во постигнување на решенија кои ќе внесат доверба во процесите. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски посочи дека изборите се единствен излез од наметната политичка криза од страна на опозицијата, дека ВМРО-ДПМНЕ ги посакува и е подготвена за нив, но и го посочи фактот дека за да тие се случат потребно е обврзување од страна на опозицијата дека сите услови за избори се исполнети, нема пречки за нивно одржување и дека ќе учествуваат на истите, со цел да не се создаваат нови изговори за нивно ново одложување. Беше истакнато дека од страна на ВМРО-ДПМНЕ врвен интерес е напредок во интеграциските процеси, членство во НАТО алијансата како и спроведување на интензивната реформска агенда поврзана со ЕУ која подразбира дополнително унапредување на состојбите и критериумите во повеќе сфери, како и законските решенија кои се предложени од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека претседателот Груевски се заблагодарил за досегашната поддршка на САД, со што било договорено интензивната комуникација да продолжи и во идниот период за сите прашања и области од заеднички интерес.

Најчитани вести