Груевски: Очекувам овој пат СДСМ да не прави опструкции

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој се наоѓа во посета на Охрид и охридско истакна дека очекува СДСМ да не прави опструкција, со цел Македонија да излезе од политичката криза.

-Последниот договор што го направија партиите е постигнат со консензус, и сите правеле некакви отстапки, изјави денеска Груевски, кој додаде дека очекува СДСМ сега да не прават опструкција со цел Македонија да излезе од политичката криза.

Тој додаде дека политичкиот договор е компромис и можно е некој да не е задоволен од решенијата, но сега е најважно тој да се спроведе и земјата да излезе од политичката криза.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.