Политика

Груевски: Од многу страни како кучиња на касапница и се навртеле на Македонија

Груевски: Од многу страни како кучиња на касапница и се навртеле на Македонија
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на пратеничката лисата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ За подобра Македонија“ во ИЕ4 денеска во Кратово  рече дека иако според планот ВМРО-ДПМНЕ требаше да води само економска кампања сепак како што рече не може да се премолчат некои работи затоа  што политичарите имаат одговорност да им ги кажат на луѓето.

Тој посочи дека лидерот на СДСМ Заев во последно време многу говори за македонската државност, нешто многу важно за кое се бореле нашите предци.

-Заев ветува работи кои ќе ни го расипат живот, ќе ни ја расипат државата. Во последните неколку денови зборува дека на целата територија треба да се воведе двојазичност. Тоа носи проблеми, ние не сме против Албанците.  Двојазичност на целата територија ќе донесе нови проблеми како и неговиот став за срушување на рамките на рамковниот договор или ветувањето за промена на уставот и кантонизација. Иако планот ни беше да видиме само економска кампања не можеме да го одмолчиме затоа што ние како политичари имаме одговорност да им кажеме на луѓето што следи во Македонија. Наша должност е да им соопштиме на луѓето што Заев, договара, ветуваа и каква штетеа и прави на државата и создава ситуација да продолжи грижата во државата. Од многу страни како кучиња на касапница и се навртеле на Македонија. Не треба да го дозволиме тоа. Треба сите да излеземе и историски да се порази СДСМ, рече Груевски.

Посочи дека опозицијата е во страв, бунило и паника затоа што две и по години го држат народот во заложништво, а резултатот нула и затоа даваат нереални ветувања од ракав.

-Една од тие работи е големата лага дека секој човек во Македонија ќе добие 500 евра повеќе од повраток на ДДВ, даваат бројки кои доброи не ги пресметале и го потценуваат народот, го сметаат со низок капацитет и затоа ќе изгубат. Ги мамат луѓето и си играат со нивните чувства и мислам дека народот нема да пресмета. Или ветувањето дека ќе носат многу инвестиции. Да беше Заев некој нов во политиката можеби ќе му поверуваа. 11 години во Струмица не донесе ни една инвестиција кога Македонија е прогласена во 10 најдобри држави за водење на бизнис и најниски даноци во светот, рече Груевски.

Истакна дека народот сака да има стабилна влада и крај на политичката криза и не сака лаги и манипулации.

-Тие ќе се обидат да продолжат кризата, ќе бараат широка коалиција. Треба секој да знае дека кога гласа за Заев гласа и за целиот пакет што оди за него, гласа и за Вицето, за кланот Заеви, гласа за лажењето на Заев, како и за лажењето за просечна плата, рече Груевски.

Тој посочи дека за овие 11 години додека е Заев градоначалник на Струмица нема донесе ни една странска инвестиција.

Заев не може да се пофали со носење на инвестиции, нема ни 5 странски инвестиции во Струмица. Народот не го сака неговото лажење и неговиот пакет и памти каков градоначалник беше во Струмица. За Глобал, беше класична дивоградба, заради кои што Заев направи класично прекршување на законот и беше аболициран од Бранко Црвенковски. И никогаш не побара таа аболиција да му се тргне, сега има такви можности и не побарува да му се поништи, за тоа што знае дека е виновен, рече Груевски.