Груевски од Прилеп: Уште само еден ден до големата победа и одбраната на унитарноста на Македонија

Дваесет дена напорна кампања од село до село , од град до град. Како татнеж се слушаше нашиот повик да ја зачууваме Македонија. Уште само еден ден до големата победа и одбраната на унитарноста на Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на завршниот митинг во Прилеп.

Тој вели дека некогаш само погледот на луѓето бил доволен да ја види нивната загриженост и дека луѓето сакаат конкретна програма и штитење на националните интереси.

– Се дозна и докажа дека СДСМ ја украле нивната програма од српската програма ДВЕРИ.Ова е скандал сам по себе и поради ова заслужуваат да изгубат. Тоа е потценување на сопствениот народ. Мислеа дека можат да го излажат сопствениот народ.Обидот на мала врата да најави кантонизација двојазичност во Прилеп,тој сам си кажува дека бил прагматичен ако требало и уставот ќе го сменел. На албанската дијаспора Заев и кажува дека не е доволен Рамковниот договор и тие го прогласија на нивни месија.Потоа рече дека било грдо лицето на Македонецот ако не прифател двојазичност. Тој отиде и неколку чекори подалеку и кажа дека не е проблемот во другите туку во Македонија. Македонија е виновна што не сака да си го смени името на јазикот, името и црквата.Тоа го кажа Заев. Тоа не му беше доволно и тоа го стави како политики во неговата програма, рече Груевски пред прилепчани.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.