Ова денес по средбата со струмичани го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ 4 Никола Груевски.
-Предвидуваме нов затворен базен со ватерполо димензии за Струмица и струмичани, за младите луѓе. Во Струмица планира да изградиме и пречистителна станица за 54.000 жители за што ќе се инвестираат 7 милиони евра. Ќе се реконструираат и неколку патиштата, ќе се изгради и фекална канализација за Дабиле, Добрејци, Просениково. Ќе се набават 125 нови медицински апарати за болницата и здравствениот дом. Градбата на започнатата општа болница како што тече со добра динамика ќе продолжи да се гради и да се заврши, а ќе изградат и 41 стан за лица кои се од социјално ранливи категории, посочи Груевски.
Тој истакна дека нови 600 милиони евра се планирани за македонскиот земјоделец во наредните четири години.
-Во делот на земјоделение се планира да се прошири и обнови постоечката каналска мрежа на хидросистемот Турија со што ќе се опфатат повеќе општини, освен Струмица, Василено, Босилово, Ново Село. Ќе се изгради и магистралниот гасовод. Струмица ќе добие гас по цевковод, а не оној скап гас што се носи со цистерни, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски нагласи дека одат на победа, а Македонија ќе успее да остане суверена и унитарна.