ФОТО: Груевски на средби со граѓаните од Велешко

Премиерот Никола Груевски денеска ја посети општина Велес, каде изврши увид во реконструкцијата на железничката станица во Велес и го пушти во употреба двојниот тениски терен во Градскиот парк.

Потоа премиерот го посети Башино Село, каде оствари средба со жителите. Месната заедница истапи со барање за Спортската академија, што е формирана лани, децата од Башино Село и Велес да добијат нова опрема, зајакната исхрана и стипендии.

Опрема ќе стигне следната недела. За исхраната ќе се заложи заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, а за стипендиите откако ќе се средат потврдите ретроактивно ќе се платат од септември па натаму, рече Груевски, пренесува МИА.

gr-veles-1

Жителите побараа и игралиште, на што директорот за Агенција за млади и спорт Марјан Спасески рече дека го имаат предвидено во нивната програма за 2016 година. Игралиштето ќе почне да се гради во јануари 2016 година.

Во Башино Село жителите побараа побрзо да се обезбедат дозволите за градба на мостот, на што премиерот рече дека во мај или јуни ќе почне да се гради.

До тогаш имаме ревидирање и тендерска постапка, рече Груевски.

Жителите побараа и асфалтирање на улици, како и поставување тротоар барем на едната страна од улицата.

Премиерот Груевски го посети и селото Караслари, каде пушти во употреба повеќенаменско игралиште и оствари средба со жителите. Тие упатија огромна благодарност за фабриката „Маркарт“ која инвестираше во зоната Караслари, како и за инвестицијата во ново спортско игралиште.

gr-veles-3

Истовремено за утре беше договорена средба со земјоделец кој се интересира да закупи државно земјиште, при што од заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски беше истакнато дека набрзо се очекува јавен повик за закуп и оти на состанокот во ресорното Министерството ќе му бидат објаснети сите детали. Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев истакна дека постои интерес за инвестирање на уште две други компании во зоната Караслари и додаде оти од страна на општината и државата ќе биде направено се за да се излезе во пресрет. На барање на граѓаните беше договорена и изградба на пат во Караслари, кој треба да почне втората половина на наредната година.

gr-veles-2

Премиерот Никола Груевски присуствуваше на пуштање во употреба на водоснабдување во село Црквино, каде оствари и средба со жителите. Системот за водоснабдување се состои од каптажа, доводен цевковод, собирен резервоар со пумпна станица, потисен цевковод, резервоар за вода со опфат од 100 метри кубни, селска разводна мрежа. Изградбата на резервоарскиот простор беше комплетно изведена со средства одобрени од Министерството за транспорт и врски.

На средбата, меѓу другото се разговараше и за изградба на игралиште, кое ќе се прави со заеднички ангажман на општината и АМС во втората половина на наредната година. Наредните две недели ќе бидат направени банкини и обележување на патот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.