сабота, 19 август 2017  |  Вести денес: 35

Груевски: Со Оперативниот план за вработување ќе вработиме 15000 млади лица

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го усвои новиот оперативен план за активни програми и мерки за вработување преку кој ќе се креираат најмалку 5.000 нови вработувања, притоа несметајќи го ефектот од вработувањата кои што доаѓаат преку мерката „Македонија вработува 2“, со кој потенцијалот е околу 10.000 нови работни места, напиша на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

груевски

Поврзани вести

За спроведување на оперативниот план кој опфаќа широк спектар на можности, како што се програмата за самовработување, обуките, грантовите, поддршката за брзорастечките компании, нови работни места во микро и макро претпријатијата, практикантството и низа други инструменти ќе се инвестираат 14,2 милиони евра, напиша Груевски.

Сите невработени лица кои се евидентирани во Агенцијата за вработување како активни баратели на работа имаат пристап до услугите и програмите, односно мерките за вработување. Дополнително, со овој оперативен план, со сите инструменти ќе бидат опфатени 15.000 невработени кои се млади лица на возраст до 29 години. Овој оперативен план нуди и помош и поддршка на малите и средните претпријатија за проширување на своите капацитети и ниво на надградување.

Во изминатиот период, односно од 2007 до 2016 година, беше доста успешно спроведувањето на годишните оперативни планови при што повеќе од 100.000 невработени лица земаа учество, а од нив 43.400 се вработија и сеуште се во работен однос.
Донесувањето и спроведувањето на овој оперативен план е уште една обврска од нашата изборна програма која ние ја исполнуваме. Нашата обврска е да креираме нови можности, нови работни места и се додека ВМРО-ДПМНЕ ја има одговорноста пред граѓаните тоа ќе продолжиме да го правиме трудејќи се и борејќи се се до последниот атом од силата за подобра иднина на секој граѓанин. Ние продолжуваме напред. Ние продолжуваме да работиме за сите граѓани на Република Македонија, напиша Груевски. 

Најчитани вести