Груевски: Опозицијата да се придржува кон превземените обврски, на народот му е преку глава од конфликтности и судири

 

Во овие празнични денови, посакувајќи им и на опозицијата добро здравје и среќа во семејствата во претстојната 2016-та година, сакам да ги повикам да не бегаат од народот и достоинствено да го потврдат своето учество на изборите и да се придржуваат кон превземените обврски, затоа што на народот му е преку глава од натегања, конфликтности и судири. Народот од нас бара решенија за нивните секојдневни проблеми.

Ова меѓу другото го истакна премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање.

Изборите во април ќе бидат фер и демократски. И сите ние треба да направиме максимум тоа да биде така. Реформираниот закон за избори за прв пат ќе биде применет. Тој помеѓу останатото, предвидува, отсега па на сите наредни парламентарни избори, премиерот ако повторно излегува на изборите,  да се повлече од функцијата, во еден кус временски период пред изборите, со цел да се осигура дека со тоа што нема да е во извршната функција, нема да има некаква предност во добивањето на довербата на гласачите. Јас прв ја подржувам оваа реформа, затоа што верувам во својот народ, и не сакам да дозволам алиби на било кого за да избега од соочувањето со народот, истакна Груевски.