Македонија

Груевски: Опозицијата виде шанса за манипулација на студентите, но вистината секогаш победува

Груевски: Опозицијата виде шанса за манипулација на студентите, но вистината секогаш победува

Премиерот Никола Груевски, денеска во вестите на Алфа истакна дека опозицијата во државниот испит видела простор за манипулација на младите, но подвлече дека вистината е онаа која секогаш победува.

-Кога објавивме дека одиме со државен испит, опозицијата виде во ова шанса дека може да ги навлече студентите и младите против владата и владејачките партии и го смени зборот државен испит во екстерно за да ги насочи кон протести и создаде забуна. Но на крајот вистината победува, изјави Груевски.