Груевски: Осмата рунда на Заев допрва доаѓа – погледнете ја (ВИДЕО)

Премиерот Никола Груевски во интервју за Пресс24 рече дека осмата рунда за Заев допрва доаѓа, а финалниот удар ќе следи на 24 април.

Се сеќавате на познатата Рамбл ин д џангл(Rumble in the Jungle), најпознатата битка на Касиус Клеј односно Мохамед Али откога го промени името,  во целата негова кариера. Беше многу одамна. Никој тогаш не очекуваше дека Али ќе победи со Џорџ Форман, поради подготвеноста на противникот, или во случајов противниците би рекол, но сепак на крај тој победи.

Тоа што Мохамед Али успеа, е да го надмудри и психолошки да го победи својот противник. Противникот на Али, Форман имаше направено тотално погрешна проценка за чекорите и начинот како Али ќе се бори.

Форман на почетокот удираше и удираше, а Али го допушташе тоа, рунда по рунда, Али пушташе Форман да удира, роуп а доуп(rope a dope) ја нарекоа неговата стратегија, и се случи Форман во осмата рунда да се умори, а Али тогаш почна. И ми се чини дека заврши со нокаут, Форман беше декласиран.

Е сега, сите се прашуваа во првите осум рунди зошто Али така боксува, мислеа дека е наместен мечот, мислеа дека Али е ослабен, но вистината беше дека Али имаше стратегија и се однесуваше различно од тоа што неговиот противник го профилирал за него. Осмата рунда за Заев допрва доаѓа, а финалниот удар ќе дојде на 24-ти април, рече Груевски во интервјуто за Пресс24.

Порталот Пресс24 ја објавува осмата рунда на Али против Форман. Погледнете ја…

Целото интервју со премиерот Груевски, проследете го на следниот линк.