Груевски останува во загрозените подрачја во Штипско

Премиерот Никола Груевски вечерва останува со граѓаните загрозените од поплавите во Штип и штипско.

gr_st_1

Претходно во текот на целиот ден, Груевски и министрите за транспорт и врски Миле Јанакиевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и заменик министерот за земјоделие Костадиновски одржаа координација со градоначалниците од општините од централна и источна Македонија кои се погодени од поплавите. Потоа премиерот Груевски на терен ги посети жителите на Штипско Ново село, како и браната Кежовица и месностите погодени од полавите во околината на Кежовица. Груевски ги посети и поплавените места во општината Чешиново Облешево.

gr_st_2

Инаку очекувањата се дека со сигурност се знае дека поради зголемување на нивото на водата кое уследи по обилните врнежи и засиленото топење на снеговите од повисоките места ќе дојде до излевање на реката Брегалница како и на повеќе речни текови од истиот регион.

gr_st_3

Утврдени се повеќе критични населени точки по течението на реката Брегалница и тоа Истибања, Виница, Чешиново Облешево, Кочани, Карбинци, Штип и околината на Штип. Се очекува излевање на водата од браната Калиманци, и на речното корито на Брегалница во пределот на Штип. Премиерот Груевски останува во Штип да помага во активностите за евакуација активностите на граѓаните од тие региони.