Груевски оствари средба со граѓаните на Бардовци и Злокуќани

Сите се заложуваме да помогнеме на колку што е можно поголем број луѓе да им излеземе во пресрет, истакна премиерот Никола Груевски по денешната посета на населбите Бардовци и Злокуќани.

Сите овие години работиме така, тоа е дел од нашиот стил на работење. Некому може тоа му е чудно, но ние така работиме сиот изминат период и затоа не е случајна поддршката од граѓаните. Низ овие разговори дојдовме до многу нови идеи, сознанија, потреби за граѓаните. Ќе се обидеме што поголем дел да решиме, посочи премиерот.

Груевски кој беше придружуван од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски, градоначалниците на Град Скопје и општина Карпош, Коце Трајановски и Стевчо Јакимовски присуствуваа на отпочнување на изградбата на плоштадот во Бардовци.

Се одбележа започнување на градбата на плоштадот во населбата Бардовци кој го гради општината Карпош, а средствата се обезбедија од програмата за рурален развој. Градоначалникот брзо ги подготви сите потребни работи и сега почнува градбата на тој плоштад кој е единствен во тој дел, кој е на околу 2.000 метри квадратни и ќе биде уреден со игралиште на деца, мала фонтана, на задоволство на сите граѓани, истакна Груевски.

gruevski-poseta2-500

Тој додаде дека на барање на граѓаните ќе бидат асфалтирани и неколку улички во околината.

Владата преку програмата за рурален развој помага на сите општини во Македонија, инвестирајќи во секој општина градба на водоводи, канализациони мрежи, плоштади и други инфраструктурни проекти кои се потреба за граѓаните, истакна премиерот.

Груевски по средбата со жителите додаде дека еден од проблемите кои биле посочени, а со кои се соочуваат граѓаните е одреден закон со кој се усложнува работата со легализација на земјиштата.

Министерот за транспорт превзема обврска да состави работна група и да свика дел од засегнатите за да имаме детали од нивните проблеми и во текот на наредните неколку недели да подготви измени и дополнување за соодветните закони со кои ќе се олесни начинот на впишување во катастар на овие земјишта, нагласи премиерот.

gruevski-poseta1-500