Груевски оствари средба со Хајндл

Германскиот специјален претставник Јоханес Хајндл во рамки на денешната посета на Македонија оствари средба и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Никола Груевски.

Соговорниците разговараа за актуелните теми и позиции поврзани со создадената криза од страна на опозицијата и идните чекори за нејзиното надминување. На средбата беа разгледувани различните аспекти на кризата како и различните можности кои би довеле до нејзино разрешување, информираат од партијата.

Во однос на актуелната политичка криза претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски истакна дека партијата е посветена кон изнаоѓање на решенија кои би значеле брз излез од наметната политичка криза. Груевски посочи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е граѓаните да имаат можност да избираат помеѓу политичките субјекти, и квалитативно да ги вреднуваат нивните политики и чекори.

gruevski-hajndl

При носењето на одлуките ВМРО-ДПМНЕ се води од начелата содржани во Уставот, Законите и волјата на граѓаните притоа штитејќи го интересот на државата и затоа е потребно изнаоѓање на решенија со кој брзо ќе се надмине кризата и ќе се врати државата на патеките на напредокот и економскиот развој, истакна Груевски.

Тој посочи дека за тоа е потребна функционална влада со полн легитимитет за реализација на ветените проекти од програмата и враќањето на сигурноста кај граѓаните при што ќе се помогне и во реализација на реформите кои произлегуваат како обврска од извештајот на Прибе важни за реализација на евроинтеграциските процеси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.