Груевски оствари средба со Државниот секретар на германското МНР, Михаел Рот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска оствари средба со државниот секретар на германското МНР, Михаел Рот.

На средбата се разговарало за повеќе актуелни прашања и теми поврзани со тековната политичка состојба во државата, еворатланските интеграции на државата и процесите кои ќе се преземат на тој план.

gruevski-rot

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски истакна дека заложба на партијата е надминување на политичката криза, преку одржување на предвремени парламентарни избори согласно одредбите и роковите на изборниот законик кој го поддржаа парламентарните партии во Собранието на Република Македонија.

gruevski-rot1

Груевски истакна дека постои доволно време кое треба да се искористи од надлежните институции за сите неопходни процедури кои што ќе го гарантираат изборниот процес. Груевски во тој поглед истакна дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ се организирање на фер, демократски и слободни избори на кои што граѓаните ќе се одлучат за иднината на државата и дека изборите се единствен излез од наметнатата политичка криза. Тој истакна дека што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ ја дава максималната поддршка во поглед на спроведување квалитетен, фер и демократски изборен процес.

gruevski-rot4

Соговорниците се осврнаа и на темата на евроатланските интеграции при што Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, истакна дека членството во ЕУ и НАТО претставува стратешка цел, за што се преземаат мерките од реформскиот план и во таа насока е добредојдена поддршката на Германија и на останатите земји членки на ЕУ и НАТО.