Груевски оствари средба со потпретседателот на ЕБОР

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска оствари средба со потпретседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), г-дин Фил Бенет, и со регионалниот директор на ЕБОР за Југоисточна Европа, г-дин Клаудио Виезиоли.

На денешната средба, соговорниците  позитивно ја оцениле досегашната соработка помеѓу двете страни и истакнале заложба и посветеност за продолжување на реализацијата на заеднички проекти акцентирајќи ја областа на реализација на инфраструктурни проекти.

Премиерот Груевски ги информирал за економските политики кои ги спроведува Владата, особено потенцирајќи ги заложбите за отворање на нови работни места, привлекување на странски капитал и отворање на нови капацитети во нашата земја, како и реализацијата на капиталните инвестициски проекти.

Претставниците на ЕБОР дале позитивна оценка за обемот и квалитетот на реализација на капитални инвестиции кои ги реализира Владата, посочувајќи дека со тие инвестиции се овозможуваат услови за поефективно надминување на последиците од глобалните економски предизвици и се создаваат услови за економски раст и развој. Тие дадоа и позитивна оценка за деловната и инвестициска клима во нашата земја, оценувајќи ја за компетентна и меѓународно конкурентна.

На средбата се зборувало и за можноста за искористување на поволни финансиски инструменти кои во идниот период би биле пласирани од страна на ЕБОР. Овие финансиски инструменти би биле првенствено наменети за малите и средни претпријатија во Република Македонија. Се очекува претставници од ЕБОР во текот на следната недела да извршат презентација на можностите и условите во врска со овие финансиски инструменти пред претставници на домашните компании.

Во рамките на денешната средба се посветило внимание и на прашањето околу  промовирање на можностите кои ги нуди воспоставувањето на моделот на јавно-приватно партнерство, особено во делот на инфраструктурата, како опција за ефикасна алокација на ресурсите и задоволување на потребите и на јавниот интерес, соопштија од Владата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.