Груевски оствари средба со претставници на дипломатскиот кор

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, синоќа оствари средба со претставници на дипломатскиот кор во земјата.

На средбата, како што соопшти владината прес служба, се разговарало за политичката состојбаво земјата а во насока на имплементација на Договорот од јуни/јули.

Беше истакната заложба кон изнаоѓање на решенија за надминување на предизвиците во врска со имплементација на договорот. Премиерот Груевски ја истакна посветеноста кон договорот и реализирање на обврските суштински и принципиелно и неопходноста од еднаква посветеност на сите инволвирани страни, се вели во соопштението.

Претставниците на дипломатскиот кор, како што информираа на средбата, имаат разговори со претставнците на сите политички партии, а во насока на поттикнување на финализирање на договорот.