Груевски оствари средба со претставници на ОБСЕ

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски оствари средба со делегација на постојаните претставници на земји во Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Како што соопштуваат од Кабинетот на премиерот, на средбата била дадена позитивна оценка за соработката помеѓу Република Македонија и ОБСЕ. Премиерот Груевски го поздрави и придонесот на ОБСЕ во реализацијата на реформите кои се спроведуваат во нашата земја.

Sredba PVRM Gruevski-OBSE_2

„Претседателот на Владата истакна дека реформскиот процес и европската и евроатланската интеграција на земјата е темелна заложба на Владата на Република Македонија. Тој истакна дека Владата ќе продолжи со посветена работа за унапредување на стандардите во секоја општествена сфера и унапредување на можностите за сите граѓани“ , соопштуваат од Владата.

На средбата станало збор и за актуелната политичка состојба во земјата, при што соговорниците истакнале дека е потребно одговорно однесување, ангажман на сите политички чинители и активно учество на сите партии во работата на Собранието на Република Македонија.

Sredba PVRM Gruevski-OBSE_3

Било истакнато и дека е потребно што побрзо надминување на предизвиците низ институциите на системот и обезбедување на перспектива за понатамошен напредок во интегративните процеси.

Соговорниците потенцирале дека соработката помеѓу Република Македонија и ОБСЕ ќе продолжи во сите сфери од взаемен интерес и од интерес за граѓаните на земјата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.