среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 39

Груевски: Осумте загинати полицајци оваа година се хероите кои Македонија ќе ги памти вечно

Тие 8 полицајци Македонија вечно ќе ги памети и ќе ги уважува на единствениот начин на кој што заслужуваат – како херои. За овој темен политички контекст и сите пропратни манипулации и случувања во оваа година нема да одам во детали во денешново обраќање до вас – вие ја живеевте таа година.

Поврзани вести

 

Не можам, а да не ги споменам и настаните во Куманово, кои дадоа еден друг печат на сите општествено политички и безбедносни случувања, настани кои според мене имаат историско значење, и сакам во ова мое обраќање да изразам жалење и сочувство, што во оваа година ние загубивме 8 човечки животи, полицајци кои херојски на браникот на Татковината, беа дел од силите кои се бореа и успеаа да го сузбијат нападот на организираната криминално терористичка група во Куманово.

Тие 8 полицајци Македонија вечно ќе ги памети и ќе ги уважува на единствениот начин на кој што заслужуваат – како херои. За овој темен политички контекст и сите пропратни манипулации и случувања во оваа година нема да одам во детали во денешново обраќање до вас – вие ја живеевте таа година.

Вие имате совршена проценка за секој еден момент од 2015 година, вие сте свесни, слободни и слободоумни граѓани, со изострено чувство за објективната стварност и со голема, голема мудрост, со зрелост и со капацитет за носење одлуки

Најчитани вести