Груевски: Освен во случајот со Заев никогаш не се снимало ниту ќе се снима во мојата канцеларија

Премиерот Никола Груевски денес во своето обраќање до јавноста одговори на сите прашања поврзани со актуелните политички случувања во земјава. Меѓу другото тој даде одговор на прашањето „Дали во неговата канцеларија постојано се снима“?

-Одговорот е НЕ. Никогаш не се снимало ниту ќе се снима, освен доколку, како во случајот обвинителството не издаде таква наредба, рече тој.

Потенцираше дека при претходната оправдана пријава Обвинителството издало наредба во неговата канцеларија да биде монтирана, а потоа демонтирана опрема за снимање.