Македонија

Груевски: Ова е пресвртна точка за подобрување на образовниот систем

Груевски: Ова е пресвртна точка за подобрување на образовниот систем

Ние не дојдовме тука за да ја одложиме дебатата, туку да аргументираме со факти и докази. Ова е одговорот на премиерот Никола Груевски на барањето на ректорот Велимир Стојковски да се одложи актуелната дебата и да трае подолго. Премиерот Груевски изјави дека дебатата трае од октомври.

– Ние уште тогаш испративме допис до универзитетите. Не знам за кој закон подолго се дебатирало. Јавното излегување на професори, студенти, министри, се’ е дебата. Ние ги слушаме сите аргументирани ставови. Имаме одговор за се’. Дел од тие забелешки прифативме, а дел не се прифатени, за што имаме аргументи, рече Груевски.

Тој посочи дека професорите не треба да се плашат од знаење.

-Не треба да се плашиме од знаење, не треба професорите да се плашат од знаење и кога го говорам ова мислам на дел од професорите, бидејќи не сите се такви. Ние предвидуваме и странци да бидат професори и ректори. Не треба професорите да се плашат, зошто би се плашеле од ново знаење и тоа знаење од професори кои доаѓаат од земји кои се понапредни од нас во образовните системи. Тоа е исто како кога странец е на чело на репрезентација. Кога се победува во ракомет на пример, победува државата и сите граѓани, истакна Груевски.

Тој додаде дека ова е пресвртна точка каде мора да се превземат чекори за подобрување на образованиот систем во државата. Премиерот потенцираше дека ова е за доброто и за факултетите и за студентите, како и за доброто на целата држава.

Фото: Курир