Груевски: Ова се исклучително важни избори за иднината на Македонија!

Пред нас се локалните избори. Ова се исклучително важни избори за иднината на Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва од Штип.

„Ние предупредувавме многупати досега за доста предизвици со кои може да се соочиме, но се уште има време за акција. Со пенкалото и гласачкото ливче се одлучува судбината на твоето место, на твојата општина, но и на твојата земја, твојата татковина. Ајде сите заедно да ја создадеме приказната за Македонија. За земја на совладани предизвици, на длабока верба, големи соништа и достоинствени почетоци. Идната генерација на македонски граѓани никогаш не смее да се откажува. Ќе има времиња од нашите животи кога ќе сакаме да се откажеме, кога вие, нашиот народ и сите ние ќе си речеме попусти се нашите желби и соништа, залуден е нашиот труд. Но ова не се тие времиња. Одиме напред, гордо и достоинствено. Ваша е одлуката. Од вас зависи иднината на Македонија“, рече Груевски.

Тој им порача на граѓаните дека треба да биде ставено крај на помрачувањето.

„Ставете крај на помрачувањето и да одиме заеднички гордо напред. Да ја развиваме Македонија, да ја модернизираме, да реализираме проекти кои што ќе бидат од ваш интерес, од интерес на Македонија. Секогаш работа, секогаш Македонија, рече Груевски.