Груевски: Ова што го гледаме е политички прогон, СДСМ преку СЈО сака да го ослабне ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ сака да го ослабне ВМРО-ДПМНЕ, и сакаат преку СЈО да внесат сомнеж кај граѓаните за чесноста на ВМРО-ДПМНЕ, вели , смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој вечерва гостува во „Отвореното студио“ на ТВ НОВА.

„Тие не знаат да ја добијат довербата на граѓаните со реализација на проекти, одат на ослабнување на противниот. Не претрупаа со обвиненија за да губиме време, со цел да внесат сомнеж кај граѓаните за чесноста на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ кога владее, владее со притисоци и политички прогони. Го гледавме во 2002 година, а го гледаме и сега“, рече Груевки.

Груевски додаде дека сето ова што сега јавноста го гледа е политички прогон.

„Ние немаме правни процеси. Адвокатите велат дека овде нема ни „п“ од право, ова се политички процеси“, рече Груевски.

Новата Влада функционира без концепт, смета Груевски.

„Иако прекус прериод е да се даде генерална оценка за работата на новата Влада, но се забележува дека Владата на Зоран Заев работи функционира без концепт, прават празни прес-конференции, имаа многу ветувања, но нема реализација“, вели Груевски.

Според него, иако Зоран Заев многу ветувал, нема реализација на дадените ветувања.

„Во ВМРО-ДПМНЕ се работи во полна пареа, ќе се трудиме, ВМРО-ДПМНЕ е структуирана за да работи на доброто на државата“, рече Груевски.