Груевски: Оваа година 30 компании објавија одлука дека ќе инвестираат, за наредната очекувам најмалку 35 нови инвестиции

Груевски: Оваа година 30 компании објавија одлука дека ќе инвестираат, за наредната очекувам најмалку 35 нови инвестиции
Груевски: Оваа година 30 компании објавија одлука дека ќе инвестираат, за наредната очекувам најмалку 35 нови инвестиции

На крајот на 2014та година ветив дека во 2015та година ќе има најмалку 25 нови компании кои ќе објават одлука за инвестирање во Македонија, што се оствари и се надмина, и тој број изнесува 30 компании кои одлучиле да инвестираат и јавно ги објавија одлуките. Сега можам да ветам дека во 2016тата, најмалку 35 нови компании ќе донесат одлуки за инвестирање, и ќе ги објават. Ова го кажувам на претходно направена анализа, од преговорите кои ги имаме во понапредна фаза на преговори со голем број компании од многу земји, истакна премиерот Никола Груевски, во своето новогодишно обраќање.

Американската Делфај одлучи да инвестира во зоната во Скопје и да вработи 500 луѓе. По успехот во Штип, Џонсон Контролс објави дека отвора нов капацитет во Струмица која ќе отвори 1.500 нови работни места. И германски Костал официјално почна со инвестицијата од 50 милиони евра и со првите од 1000 вработувања кои треба да ги оствари. Американската Ки Сејфти Системс започна со градба на својот објект во Кичево, а треба да ја заврши градбата до јуни 2016та. Почна со работа и италијанската Диатек Макдиа, со која треба да се вработат 200 луѓе. Техникал Текстајл во Штип ја изгради фабриката во која треба да се вработат вкупно 1000 луѓе.

Технохозе ја реализираше својата втора инвестиција во зоната во Скопје каде ги започна вработувањата, а Гентерм е во напредна фаза на градба на својата фабрика во Прилеп. Со план за  нови 3.000 работни места во Тетово е инвестицијата од 15 милиони евра на американската корпорација „Леар“. Германски Маркард ја заврши инвестицијата во Велес вредна 35 милиони евра,  во новиот капацитет ќе се вработат 600 луѓе а планираат и проширување на капацитетите. Холандската компанија Антура го отвори својот нов капацитет во Кочани, со план за 300 вработувања. Германски Акомпласт објави дека во јануари почнува изградба на фабриката, а почеток на производството се очекува во април-мај 2016 година. Американски Капкон во Скопје ја отвори новата фабрика за инфлатори за воздушни перничиња со која ќе бидат отворени вкупно 400 работни места. Во привремениот објект започна со работа втората фабрика на Амфенол во Кочани, со што се вработија 650 лица, а по финширањето на инвестиционите дивизии нивната намера е да дојдат до 3500 вработувања. Италијански Кондево инвестира околу 30 милиони евра и гради објект кој треба да вработи над 280 невработени, а истовремено се гради и новата фабрика на германската компанија ОДВ Електрик, која ќе се изгради до јуни 2016та, и ќе се вработат 1000 невработени од Охрид и Струга. Се потпиша и договорот со Монтанте груп од Италија, со кој ќе се вработат 400 лица.

Истовремено, за прв пат две домашни компании добавувачи на познати светски брендови, објавија дека ќе инвестираат во Технолошко индустриските развојни зони. Тоа е компанијата Хај Тек и компанијата ТТ Плус кои заедно треба да вработат 500 невработени лица. Судејќи по тоа со колку компании сме во финална фаза на преговори, очекувам уште поголем број нови фабрики во 2016. кои ќе отворат нови работни места, посочи Груевски во своето новогодишно обраќање.