Груевски на терен: Посета на пелагонискиот регион

Премиерот Груевски повторно на терен. Во текот на денешниот ден премиерот ќе биде во посета на пелагонискиот регион.

Како што информираат од Владата на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија денеска ќе оствари посета на пелагонискиот регион, а на агендата за денес е планирано присуство на повеќе настани, како и средба со граѓаните од повеќе општини и населени места од споменатиот регион.

Премиерот ќе присуствува на отворање на спортска сала во село Новаци, а подоцна ќе присуствува и на црковно-народниот собир во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Новаци.

Груевски на терен
Груевски на терен

Груевски ќе оствари посета на село Могила, каде е предвидено да присуства на отворање на спортска сала во село Могила и да сотвари средба со жителите на село Могила.

За денес, во рамки на посетата на пелагонискиот регион, планирано е премиерот да оствари посета на основното училиште „Кочо Рацин“ и да оствари средба со жителите на село Долно Српци во општина Могила.

Премиерот ќе присуствува на отворањето на откупно дистрибутивниот центар „Apple Land“ во Ресен, а подоцна ќе изврши увид во градежните активности за рехабилитација на магистралниот пат Битола-Ресен-Буково.

Покрај ова, за крај на посетата планирано е премиерот да присуствува на пуштање во употреба на еден двоен и еден единечен тениски терен во спортско рекреативниот центар „Шеталиште“, Битола.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.