Груевски: Пендаровски да каже како ќе го реши проблемот со името

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на вечерашниот митинг  Гевгелија го повика кандидатот за претседател Стево Пендаровски да каже како планира да го реши прашањето за името на Македонија.

„Знаеме како неговиот ментор сакаше да го реши, а тој како советник не се огради од него и од тие изјави, а се спомнуваа различни одредници. Сега го кандидира партијата, и стои зад него СДСМ, партија чи претседател Зоран Заев јавно велеше дека ќе треба да се свитка кичмата. Сега Пендаровски се продава пред народот дека ќе го реши, па би сакал да го слушнеме како ќе го реши“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако го избегне тоа или ако одговори со навреди, нагласи Груевски, ќе сметаме дека стои зад позициите на неговиот ментор, Бранко Црвенковски, за одредници и зад позициите за виткање на кичмата на Зоран Заев.