Груевски: Перални и сушални за државните студентски домови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денска презентираше уште еден проект наменет за младите, а се однесува на подобрување на животните услови за студентите сместени во студентските домови.

Станува збор за проектот за изградба на перални и сушални во државните  студентски домови.

Низ нашата комуникација со студентите се судривме со овој значаен проблем кој ни беше посочен од нивна страна и кој можеби целокупната јавност и не е току приоритетен. Но, за над 6.500 студенти во домовите значи проблем за нивно функционирање но и финансиски товар за нивните буџети. Во насока на задоволување на потребите на студентите сместени во студентските домови и зголемување на студентскиот стандард,  ВМРО-ДПМНЕ следејќи ги најновите позитивни искуства применувани во студентските домови во повеќе европски држави, се реши да ги опреми со нови перални и сушални сите 10 постоечки студентски домови во Македонија, истакна Груевски.

Станува збор за 5-те државни студентски домови во Скопје, државниот студентски дом во Битола, Охрид, Штип, Прилеп и Пробиштип.

Вкупно за сите студентски државни домови се предвидени 50 машини за перење и 50 машини за сушење, распоредени во зависност на бројот на студентите во секој од нив. Со ова ќе се надмине еден реален и долгогодишен проблем на студентите сместени во државните студентски домови и ова ќе биде задоволување на уште едно барање на студентите, додаде тој.

Проектот ќе се спроведува преку Министерството за образование и наука, а почетокот на реализација ќе биде од јануари 2017 година, а до тогаш ќе се одвиваат подготвителните активности.