Груевски: Планот на СДСМ по изборите е населување мигранти

Ние многу им помагавме на мигрантите кога поминуваа низ Македонија и тие не сакаа да живеат во Македонија, тие сакаа да одат во побогати држави за да имаат убави вработувања  и поудобен живот, ние се чувствуваме со нивните маки и колку што можевме им помагавме со хуманитарна помош, превоз, како и медицински услуги, но она што нашата нова власт го ветила уште пред да дојде на власт е дека ќе ја наполнат земјата со мигранти за да задоволат некои кои што требаше да им помогне за да дојде на власт, ова на вечерашниот митинг од Кавадарци го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Нашиот народ е итар и се сети да организира референдуми во многу општини за да се изјасни за дали економски тие можат да прифатат мигранти имајќи ја во обѕир високата невработеност, нискиот стандар и некои општини сакаа да го прашаат својот народ, а тие наспроти тоа на неколку дена пред изборите донесоа декрет во Владата со кои што забранија одржување на референдум за тоа дали луѓето се за населување на мигранти. Народот иако не може да гласа на референдумот на 15 октомври тој ќе излезе референдумски и ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија и ќе гласа против ова помрачување кое ни го направија, истакна Груевски.

Тој вели дека и додека тие биле на власт им било понудено да вселат 150 илјади мигранти и да ги вработат, но тие не го прифатиле бидејќи тоа ќе било проблем за Македонија.

-Планот по изборите е населување на мигранти најпрво во бегалски кампови долж јужната граница, а потоа да се градат домови низ целата држава. Ова ново помрачување се покажа и преку некомпетентното носење на нови кадри и ставање на значајни функции, помрачувањето е се она што ни случува во изминатите четири месеци. Тие ветуваа дека сите вработени ќе имаат просечна плата од 500 евра, не само што нема такво нешто, туку забележавме дека откако се тие на власт просечната плата почна да опаѓа и за два месеци просечната плата во Македонија опадна за 420 денари во просек и ова е помрачување, да дојде нова власт и да се намали просечната плата во Македонија, рече Груевски.