понеделник, 28 ноември 2016  |  Вести денес: 85

Груевски: По исполнувањето на критериумите, се надевам ќе нема пречки за недобивање на преговори

Статус-кво ситуацијата во контекст на евроатланските интегративни процеси е лоша за државата, рече премиерот.

nikola-gruevski-011

Поврзани вести

Се надеваме дека по исполнувањето на критериумите, после изборите во 2016 година нема да сме подложени на нови пречки и услови, за недобивање на  датум за преговори. Статус-кво ситуацијата во контекст на евроатланските интегративни процеси е лоша за државата и одбегнување или пренасочување на одговорноста од било кого сите ќе ја гледаат како соучесништво во неуспехот, рече премиерот.

Тој потенцира дека Република Македонија очекува датум за преговори и откочување на интегративните процеси кој ќе биде заслужена верификација на се она што до сега е направено и што ќе се направи.

Амбасадорот Аиво Орав рече дека најважно од се е тоа што Македонија ја доби седмата последователна препорака. Вели дека не е толку важно дали истиот е позитивен или негативен и дека заедничка цел е Македонија што поскоро да започне со преговорите за влез во ЕУ.

Најчитани вести