Груевски: По изборите со Заев се немаме ниту видено

груевски

Со Заев по изборите се немаме ниту видено ниту чуено, иако очекував да ми ја честита победата. Но се покажа дека нема сили за тоа. Во минатото, нормално, повремено кога имало потреба сме се гледале или слушале телефонски, вклучително и во саботата пред изборите кога Оливер Спасовски најпрвин го побара Никола Тодоров, по што и ние се слушнавме со цел да размениме информации во правец на избегнување проблеми во изборниот ден, напиша Груевски.

Очигледно, нагласува тој, Заев прави максимални напори да ја продолжи политичката криза во Македонија. Согласно изборот на граѓаните на Република Македонија и меѓународната потврда за тоа дека изборите поминаа во најдобар ред и беа фер и демократски, јас во овој период сум фокусиран кон формирање на новата влада со цел реализација на ветената програма за подобрување на животот на граѓаните на Република Македонија, напиша Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.