Груевски: По катастрофалниот пораз опозицијата треба да ја сфати пораката од народот

Во своето новогодишно обраќање, премиерот Николаљ Груевски се осврна и на опозицијата која треба да почне да работи во интерес на својот народ.

„Опозицијата, која во 2014-та година доживеа еден од најтешките порази во нивната историја, се надевам дека во 2015-та ќе извлече поука од сопствените грешки и ќе ја разбере пораката на народот. Од нас ќе има подадена рака за соработка секогаш, затоа што тоа е од интерес за нашата држава и за нашиот народ, за демократијата и за иднината. Со гнев, со злоба, без идеи и проекти, со неумесни условувања, со манипулации и интриги не се освојува поддршката на граѓаните. Напротив, со многу труд, работа, посветеност, искреност и креирање добро обмислени и пресметани идеи корисни за сите граѓани. Ние како влада и владејачка партија, освен со посветена и одговорна работа, ќе останеме фокусирани на препознавањето на нашите, на сопствените грешки, на нашите слабости и пропусти. Само така можеме да останеме конкурентни на политичката сцена и да ја освојуваме довербата на мнозинството граѓани“, вели во своето обраќање Груевски.