Груевски: По победата на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе бара нови парламентарни избори

Ние сме сведоци на безмалку четири месеци владеење на СДСМ, некој ќе рече тоа е кратко време да се даде оценка, но јас ќе кажам дека ако по утрото денот се познава, денот е многу лош и овој ден нема долго да трае. Ова ќе мора да се прекине, по победата на овие локални избори логично е ВМРО-ДПМНЕ да бара и да добие предвремени парламентарни избори.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој вечерва гостуваше во Дневникот на Сител, додавајќи дека ќе започне нова ера во Македонија која ќе стави крај на помрачувањето што и се случи на државата со доаѓањето на СДСМ.

-Оттука произлезе и нашиот нов документ „Нова ера“ со кој даваме една визија за наредната декада, што е она што ВМРО-ДПМНЕ планира да го направи и ќе го направи од денот кога ќе ја преземе централната власта. Овие локални избори се и локални, но и се избори кои ќе предизивкаат и предвремени парламентарни избори. Луѓето треба да знаат што понатаму ќе следи. Ние остануваме народна партија, го зајакнуваме фокусот на делот на граѓанска десница, но нашиот главен фокус ќе биде економијата, посочи Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.