Груевски со поддршка од ЦК на ВМРО-ДПМНЕ за формирање влада

груевски

На денешната седница со која раководел Груевски, членовите на Централниот комитет дискутирале за актуелната состојба во земјава и резултатите од предвремените избори.

Освоените 455.000 гласови од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, во услови кога опозицијата делуваше заедно со невладините организации под контрола на Сорос и во повеќе наврати коруптивно купуваше гласови, покажуваат дека мнозинството граѓани се уште ја поддржува политиката која нуди развој и просперитет. Ваквата поддршка значи обврска за почитување на волјата на народот кој ја порази на деструкцијата и кризите кои изминати години ги промовираше СДСМ/Сорос, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Централниот комитет на партијата смета дека подобрувањето на стандардите на живеење на граѓаните мора да бидат приоритет во наредниот период, а за да се оствари таа цел неопходна е политичка стабилност преку формирање влада што ќе биде целосно посветена на реформите и проектите од програмата РЕАЛНО.