четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Груевски: Поголем број на инвестиции, работни места и зголемување на стандардот

Со заеднички напори, со одговорен пристап, посветено работење, држење до дадениот збор, со зацртана визија и со божја помош, верувам дека земјата ќе оди напред, а граѓаните ќе бидат позадоволни. Јас лично, никогаш не сум се штедел кога требало да се работи, да се решаваат проблемите, да се отвораат нови патишта и перспективи, и нема да се штедам ни во иднина, кога станува збор за мојот народ,  за мојата држава, за нашата заедничка држава, за сите нас кои живееме во Република Македонија.

инвестиции

Поврзани вести

Заедно со мојот тим, заедно со секој кој сака и може да помогне, ќе направам се што е во моја моќ, не само да ги остварам дадените ветувања, туку и да остварам повеќе од тоа.

Секој од Вас, во новата година влегува со свои лични и семејни планови и проблеми, со лични желби и предизвици. Секоја индивидуа има свои цели, за кои да не заборавиме дека пред се е потребно добро здравје. Затоа, дозволете секуму од Вас да му посакам да има добро здравје, да го следи среќа, да има смиреност во душата, да дава и да добива љубов повеќе отколку било кога досега, и да ги оствари своите зацртани цели и планови.

Најчитани вести