петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 4

Груевски: Покрај двојазичност Заев ветувал и кантонизација

Кантонизација на Македонија би значело 5,6 кантони кои со тек на време еден по една на легален начин со одлука на нивните локални кантонски влади ќе се отцепуваат. Тоа е последниот чекор пред растурање на една држава без војна. Такво нешто не ни треба, истакна вечерва на митингот во Велес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

gruevski-2-1-640x360

Последни вести

Покрај двојазичост на цела тереиторија Зоран Заев очигледно ветувал и кантонизација на Р. Македонија. Кантонизација во Швајцарија е една работа, а сосема друга работа е на Балканот. Кантонизација на Македонија би значело 5,6 кантони кои со тек на време еден по една на легален начин со одлука на нивните локални кантонски влади ќе се отцепуваат. Тоа е последниот чекор пред растурање на една држава без војна. Такво нешто не ни треба, истакна вечерва на митингот во Велес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Мораме да застанеме на патот на оваа сулуда идеја на Зоран Заев. Мораме да застанеме затоа што тоа ќе има сериозни последици од големи размери. Дали ќе биде за три или пет години, проблемите ќе дојдат пред нашата врата, рече Груевски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија не ги дели граѓаните и не прават разлика помеѓу нив, туку се залага за подобра економска земја и подобар стандард на граѓаните.

-Ние само укажуваме на сите дека ќе ни го растурат мирот, ќе ни направат големи проблеми и да се закрвиме. На 11 декември масовно да го пресечеме тоа и ќе им кажеме каква Македонија сакаме и дека никој не може да управува со нас, посочи Груевски.

Посочи дека во очај СДСМ веќе им дава нереални ветувања на граѓаните кои сепак не можат да ги прелажат и како примери ги посочи враќањето на ДДВ од 15 % и покачувањето на минималната плата и социјалната помош.

-Но народот е мудар , можеби некои не се доволни образовани. Слушнавме дека ќе враќаат 15 % ДДВ и на тој начин домаќинствата ќе добивале 500 евра по домаќинство годишно. За да се направи таков поврат, тој човек треба да троши по најмалку 2000 евра за да на крај ги добијат тие 500 евра, образложи Груевски.

Како нерално ветување од СДСМ тој го посочи и зголемувањето на просечната плата и социјалната помош додаде дека просечна плата може да расте само ако се намалува невработеноста, во секоја пазарна економија така растат платите.

-Тргнаа со нерални ветувања, со лажни ветувања, да го излажат македонскиот народ, потенцираше Груевски.

 

Најчитани вести