Груевски оствари повеќе политички и бизнис средби во Кина

Македонскиот премиер за време на својот престој во НР Кина, на маргините на Самитот оствари и повеќе одделни средби со компании на кои им беа претставени можностите за инвестирање и конкретни проекти кои би можеле да бидат интересни и привлечни за кинеските инвеститори.

Понудивме повеќе проекти, разменивме предлози и идеи и ќе ги продолжиме контактите со различните компании од НР Кина со цел да се реализираат проекти во Македонија кои ќе го подобрат квалитетот на живот, и ќе отворат нови работни места, изјави Груевски.

samit-gruevski-3

Премиерот Груевски истакна дека расте извозот на Република Македонија во НР Кина, но и се зголемува бројот на проекти кои што заеднички се реализираат.

Во Македонија највидливи се двата проекти за двата автопата кои што се градат, едниот во источна и другиот во западна Македонија, но на Самитот македонската делегација настапува и со друг вид на проекти од различни области, вклучително од енергетиката, поврзано со производството на струја, секундарна гасификација, земјоделието, туризмот, така што дојдовме со однапред подготвени проекти од различни институции кои ги презентираме, и на приватните компании со кои се среќаваме, но и пред кинеските власти, истакна премиерот Груевски.

За обраќањето на премиерот Груевски на Самитот во Кина, повеќе на следниот линк.