Груевски: Полни со енергија, желба за нови успеси и со добро зацртан план и стратегија влегуваме во новата 2017 година

стратегија

Реформите кои водат кон подобрувања на секој план мора да продолжат. Во преден план треба да се интересите на граѓаните и на нашата заедничка држава Република Македонија. Треба да се поттиснат напорите за надворешни влијанија чија цел се туѓи, а не наши интереси, на нашата држава и граѓани.

На последните избори некои политичари поттикнати од некои центри на моќ играа на картата на чуствата на различните етнички заедници во Македонија. Таа карта им беше инструмент за остварување на други цели. Во суштина сите ние, македонците, албанците, турците, ромите, србите, бошњаците, власите и сите останати, христијаните, муслиманите, евреите, атеистите, сите се соочуваме со исти проблеми. На сите нам ни е потребен уште позасилен економски развој, нови работни места, повисок стандард, повисоки плати, пензии, субвенции, повеќе можности и шанси особено за секој млад човек, поспокојни денови за пензионерите, поголема сигурност за земјоделците, извесност и перспектива.

Оттука, нашите напори треба да се концетрираат во тој правец. Ветувањата од кампањата мора да се реализираат. Разгорените страсти и преголемиот политички јаз да се да се намалат и нормализираат, меѓуетничките односи да се надградуваат во позитивен дух. Изборите се зад нас, и по формирањето влада треба да се зафатиме со работа и активности на економски план, на планот на реформите во сите области, на планот на стратешките приоритети за приклучувањето на Македонија кон НАТО и ЕУ, на продолжување на градење на соживот и заедничка иднина за сите нас, а особено за младите.