Груевски: Поместувањето на изборите е да не оставиме простор да бидеме погрешно разбрани

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето синоќешно обраќање истакна дека постигнати се сите потребни условиза одржување фер и демократски избори на 24. април.

Груевски рече дека тоа му е јасно на секој човек во оваа држава, како што му се јасни причините зошто СДСМ не сака да оди на избори и бара разни изговори за тоа, како што му се јасни секому причините зошто проценката на САД и ЕУ беа такви какви што беа, и како што секому му се јасни причините зошто ВМРО-ДПМНЕ одлучи да прифати мало поместување на изборниот ден.

-Одлуката за изборниот ден беше во наши раце. Но, и одговорноста која ја носиме за државата и за народот во неа. По долги и детални анализи и консултации, Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за поместување на изборниот ден од 24-ти април за 5-ти јуни, со цел не да го задоволиме СДСМ, бидејќи тие како и да е ќе бегаат од избори и од соочувањето со народот, туку да не оставиме простор да бидеме погрешно разбрани од дел од нашите граѓани,  но и злоупотребени од сите они кои не и сакаат добро на Македонија и кој немаат еднаков интерес како нас, Македонија да оди напред, рече Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.