Лидер: Груевски ги поправа грешките на Заев

Груевски ги поправа грешките на Заев. За разлика од Груевски кој потпиша Декларација за пријателство меѓу Израел и Македонија од стратешко значење, посетата на Заев на Израел беше проследена со скандал, откако лидерот на СДСМ излажа за што разговарал со домаќините во Израел…

Порталот Лидер прави една паралела за посетата на Израел на Претседателот на Македонската Влада и Претседателот на Македонската опозиција.

Премиерот Никола Груевски ги поправа грешките на Зоран Заев. Два месеца откако Заев предизвика дипломатски скандал на релација Скопје – Ерусалим и беше демантиран од израелската држава, премиерите Груевски и Нетанјаху потпишаа Декларација за пријателство меѓу двете земји. Односите меѓу Македонија и Израел се продлабочуваат и на политички и на економски план, преку договорите за одбегнување на двојното одданочување и за промоција и заштита на инвестициите, што сигнализира дека Груевски реагираше навреме за да нема последици по нашата држава, пишува Лидер.

Што направи Груевски во Израел?

Потпишана Декларација за пријателство меѓу Македонија и Израел.

Потпишан Договор за одбегнување на двојното одданочување.

Потпишан договор за промоција и за заштита на инвестициите.

Договорена размена на лекари и лекување на македонски пациенти во Израел.

Испратена покана до премиерот Нетанјаху да ја посети Македонија.

Што направи Заев во Израел?

zoran zaev vo izrael

Средба со претседателот Ривлин и со заменик – премиерот Шалом.

Говорел невистини за средбите

Беше демантиран од властите во Израел

Груевски реагираше државнички

Билатерални односи градени на база на взаемно пријателство и меѓусебно разбирање – вака двете земји ја оценуваат меѓусебната поврзаност. Со Декларацијата за пријателство што вчера ја потпишаа Груевски и Нетанјаху се поставуваат цврсти темели за продлабочување на соработката на сите полиња од заеднички интерес.

Со премиерот Нетанјаху потпишавме Декларација за пријателство меѓу Република Македонија и Државата Израел која е од стратешко значење и која уште повеќе ги зацврстува билатералните односи меѓу нашите две земји. Двете земји ги врзува силно партнерство, взаемна почит, одлична билатерална и мултилатерална соработка. Меѓу нас нема отворени или спорни прашања. Ние сме долгогодишни пријатели и партнери – рече премиерот Груевски по средбата со Нетанјаху.

gruevski-netanjahu-4

Постои традиционално пријателство помеѓу нашите две држави. Има многу области каде можеме да работиме, енергетиката, земјоделието, науката, образованието, технологијата, одбраната, во заедничката борба против тероризмот. Ние го цениме ова пријателство и ова партнерство – рече Нетанјаху.

Отворени врати за бизнисот

На здрави темели се градат здрави економски односи. Со договорите за одбегнување на двојното одданочување и за промоција и заштита на инвестициите, Груевски и Нетанјаху дадоа силен импулс за економската соработка меѓу Македонија и Израел.

Потребно е добрата политичка соработка да се преслика и на економски план, преку интензивирање на заедничките економски релации и искористување на соодветните потенцијали кои ни стојат на располагање. Договорите за одбегнување на двојно одданочување и за промоција и заштита на инвестициите се одлична вест за бизнисмените од двете земји – порача Груевски.

Ќе соработуваме и во здравството

Македонија со Израел ќе соработува и во делот на здравството. Премиерот со менаџментот на медицинскиот центар Хадаса, еден од најсовремените во светски рамки, договори размена на медицински персонал, прием на пациенти, потесни врски кои ќе овозможат воведување најсовремените практики во македонското здравство.

Многу сме горди што ќе соработуваме со Република Македонија и што отвораме можност за прием на пациенти и медицински персонал за обука, со цел да ги споделуваме нашите истражувања со нив – рече директорот на медицинскиот центар, Јорам Веис.

Poseta na medicinskiot centar Hadasa, Erusalim_8

Се договорија неколку работи, наши лекари да доаѓаат тука на тренинзи за третман на болести и за воспоставување дијагнози. Втората работа е праќање на нивни лекари во Македонија на одредено време, да обучат наши лекари за некои сегменти каде тие се понапредни. Трето, за болести за кои нема експертиза во Македонија да има можност за испраќање тука во Израел – објасни премиерот Груевски.

Негување на односите за создавање партнер од доверба

Премиерот Груевски…