Груевски порача: Нашиот став е да има истрага !

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е истакна дека СДСМ едно збори пред народот а друго прават онаму каде што владеат на локално ниво. Тој посочи дека опозициската партија ја обвинува Владата за партиски вработувања а пред своите се фали дека таму кај што владеат само така работат.

– Нас не клеветат за криминал со креирани снимки, а таму каде добиле доверба тендер не може да прелета ако не го земе некој родина илинекој партиски моќник. Нас не обвинуваат дека не сме овозможиле доволно слобода во медиумската мрежа, а тие прават фабрики на новинари кои треба да ги поддржат и величат со парите на СОРОС и Милчин. Го лажат народот дека сме ја презадолжиле земјата, а општините каде владеат, тонат во долгови по 50 милиони евра да во наредните 20-30 години не можат да се раздолжат. Колку злоба, колку гнев гледам во очите на Заев што однапред сум сигурен дека ќе поминеме низ овој период кој колку и да е тежок за нас, за нив ќе биде една нова неуспешна епизода со дестуктивно сценарио. Најави за насилно превземање на власта само дополнително укажуваат на нивниот хаос и залутаност во овој процес. Фактот што не водат ни малку грижа за државните и национални интереси, за меѓународниот углед на земјата, за приватноста на оние со кои се изживуваат со креираните материјали, за меѓуетничките односи, за безбедноста на граѓани, само ми гарантира дека тие така силно ќе загубат што нема да знаат како да се повратат потоа. Правната и политичката разрешница ќе се случи. Нашиот став е да има истрага и за нивните прекршувања на законите, но и за она за што нас не обвинуваат. Нам ни е потребна таква независна и транспарентна истрага и ќе направиме се што е во наша моќ за истрагата да биде темелна и транспарентна. Без таква истрага сите ќе останеме осомничени во очите на дел од народот. Не, ние сакаме да има истрага, ако во таа истрага се покаже и докаже дека некој од нас погрешил, нека одговара пред законот и институциите, но ако не погрешил треба и тоа да се објавил за да се тргнат валканиците кои Заев секојдевно ги фрла врз нас, истакна Груевски.

Тој додаде дека ќе се однесуваат соодветно и европски.