Груевски порача од НАТО: Македнија има сила да се справи со сите блокади

Премиерот Никола Груевски, на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер, порача дека Македонија има сили да се справи со сите блокади и препреки, а земјава и понатаму ќе продолжи со реформи и да бележи прогрес.

Столтенбер посочи дека треба да се да се почитуваат демократските вредности во земјата,  владеењето на правото и слобода на медиумите.

 „Ја поддржуваме интеграцијата на вашата земја во НАТО, реформите кои ги преземате и храброто лидерство. Сите политички сили треба да се однесуваат одговорно кон политичките и економските реформи неопходни за евроатланстката интеграција“, истакна Столтенберг.

Груевски истакна дека членството на Македонија во НАТО и понатаму останува приоритет и земјава е посветена на реформите во делот на одбраната, во делот на администрацијата и економијата, но исто така и на клучното прашање поради кое Македонија од 2008 не е членка на НАТО, а тоа е името.

„Македонија е активен учесник во мисиите на НАТО како да е членка на НАТО, но ги нема привилегиите да биде членка. Македонија ќе ги издржи сите овие блокади, ќе продолжи со реформите и од сето ова ќе излезе уште посилна“, рече Груевски.

За инволвираноста на странски служби во аферата „Пуч“, Столтенберг рече дека не може да ја коментира актуелната ситуација во Македонија, но рече дека ја истакнал важноста на владеењето на правото и на слободата на медиумите, како и спроведување на независна темелна истрага за случајот.