Груевски во посета на реканско – дебарскиот крај

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски ќе оствари посета на реканско – дебарскиот крај.

Груевски во рамки на најавената посета на реканско – дебарскиот крај ќе оствари средби со граѓани во повеќе населени места и ќе направи обиколка на местата каде во моментов се реализираат проекти.

Груевски во посета на Кочани, Берово и Виница
Груевски во посета на Кочани, Берово и Виница

Според најавите, Груевски ќе присуствува на отпочнување на градежните активности за реконструкција на патот А4, Ново Село-Маврово (наспроти поштата во Маврови Анови), ќе оствари посета и средба со граѓани во населените места Жировница, Ростуше, Скудриње, Долно Косоврасти, Новак, Центар Жупа и во Дебар.

Исто така, се планира премиерот да изврши увид во градежните работи на локален пат – спој со регионален пат П1202, населено место Скудриње,  да ја посети фабриката Еуро Едил Холдинг во Скудриње, а исто така се планира да оствари посета и на реконструираниот Мелнички мост, општина Дебар.

Во понеделникот Груевски ги посети Берово, Виница и Кочани

За денес најавено е дека премиерот Никола Груевски ќе оствари посета на реканско – дебарскиот крај, а исто така по работниот викенд и оваа работна недела премиерот ја започна со турбо агенда. Во понеделникот тој оствари посета на општините Кочани, Виница и Берово.

Премиерот во рамки на посетата посети повеќе училишта, a присуствуваше и на отворањето и поставувањето камен-темелник на повеќе проекти.

Пешачка патека околу Беровското Езеро
Пешачка патека околу Беровското Езеро

Во општина Кочани, Груевски го посети реконструираното средно општинско училиште „Љупчо Сантов“.

Во општина Виница ја посети на компанијата „Макпрогрес-Винчини“ и присустваше на пуштање во употреба на двојно тениско игралиште, како и на пуштање во употреба на пешачка патека околу Беровско Езеро;

Груевски во Берово
Груевски во Берово

Во општина Берово, Груевски присуствуваше на поставување камен темелник за изградба на фекална канализација за продолжување на главниот колектор во туристичката населба „Беровско Езеро“, а оствари посета на реконструираното основно  училиште ,,Никола Петров – Русински“, населено место Русиново, општина Берово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.