Груевски во посета на Охрид

Груевски во посета на Охрид. Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на Општина Охрид.

Во рамки на посетата предвидено е премиерот да присуствува на поставување камен темелник за изградба на затворен базен во спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“.

Исто така премиерот ќе го посети Институтот за филм –Филмска академија Охрид, а ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструирана улица „Ристо Чадо“ со изградена фекална канализација и тротоари во населба Видовиште.

Планирано е премиерот да оствари средба со жителите на населбата Видовиште,  како и со жителите на селата Лескоец и Велгошти.

Покрај ова, премиерот ќе изврши увид во градежните активности при изградба на автопатот Кичево-Охрид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.